Девојче со Даунов синдром не ја сакале во училиште за танц, ги понижила со снимка на која има 14 милиони прегледи!

Објавено: среда, 13 април 2016 во 15:14
Spread the love

Кога шестгодишната Ана Маланиук од Канада посакала да се запише на часови по танц, инструкторката на нејзината мајка и кажала дека не може да ја прими зошто Ана не ги задоволувала стандардите на школото.

Кога и да слушне Ана музика таа почнува да танцува, затоа нејзината мајка Соња одлучила да ја запише на часови по танц. Но, било многу потешко отколку што очекувала.

– Имавме многу лошо искуство. Ни кажаа дека таа не ги задоволува стандардите школото зашто има Даунов синдром, вели Соња за „Global News”.

Но, тоа не ги запрело. Отишле во друго танцово училиште каде ја пречекале со раширени раце.

-Многу е важно кога некое дете ќе изрази желба да танцува, таа желба и да му се оствари, вели Аманда Десоуса, директорката научилиштето.