ВИДЕО: Тепачка во Идомени меѓу Курди и Авганистанци запален вагон

На железничката станица во Идомени утрово се степале две групи на бегалци, Курди и Авганистанци по што запален е и вагон од воз кој грчката железница им го даде на бегалците да го користат за преноќување.

Поголема група бегалци го каменувала возот во кој престојуваат и цели семејства.

Засега нема информација колкумина се повредени а по интервенцијата на грчката полиција, ситуацијата е смирена.

По неодамнешните инциденти на грчко-македонската граница, грчките полициски сили се поорганизирани.