Бугарски селани уапсиле мигранти – „Не Бугарија, вратете се во Турција“ (ВИДЕО)

Аматерско видео снимено во Бугарија покажува бугарски селани што уапсиле тројца мигранти и им ги врзале рацете зад грб, додека овие лежат на земја.

Еден од селаните им вели: „Не Бугарија – вратете се во Турција!“.

Видеото е снимено во Странџа, планинска област близу границата со Турција, објави бугарскиот сајт БТВ новините.

Бугарскиот пограничен полициски шеф Антонио Ангелов, вели БТВ, рече дека таквото апсење мигранти е нелегално.

Според Ангелов, тројцата мигранти од снимката рекле дека се од Авганистан.

Видеото денеска беше главна вест на сите бугарски телевизии.

Селаните, од кои најмалку еден е вооружен со мачета, стојат над мигрантите, а се слуша како еден од нив на лош англиски им вели да се вратат во Турција: „Турки. Обратно. Гоу бак. Бак, Трки. Нау, Трки. Гоу Турција. Обратно. Ноу Блгарија. Гоу Тркија“. Мигрантите изгледаат уплашено и не даваат отпор.