Видео: Албанец во ринг гризна српски боксер!

Бокс мечот меѓу Андреј Пешиќ кој е омилен кај Србите и Австриецот со албанско потекло Астрит Климент е завршен со скандал.

Мечот во рамките на бокс гала вечерта во Минхен е завршен со касање, како и нокаут, но после натпреварот.

Австриските медиумите пренесуваат дека Климент дејствуваше срамно во рингот и дека ги користел сите ресурси, најчесто недозволени во борбата против Пешиќ.

Веќе во првиот круг двајцата боксери обезбедија безмилосна пресметка, но до ескалација дојде во вториот круг.

Климент го нападна српскиот боксер и го гризна, а судијата веднаш реагираше и го дисквалификуваше австрискиот боксер.

Скандалот во рингот тука не завршува, Пешиќ упаднал во рингот и побарал извинување од Климент.

Сепак, австрискиот боксер, наместо да се извини за недоличното однесување, го навредувал промотерот Александар Петковиќ, па дури и се обидел да го удри.

Кога се свртел кон промоторот, Петковиќ бил побрз и со тупаница го нокаутираше австрискиот боксер, кој паднал и останал да виси на јажиња од рингот.

Австриските медиуми очекуваат дека Климент со своето недолично однесување ќе добие долга забрана за влегување во рингот и изразуваат надеж дека такви скандалозни сцени нема да се повторуваат.