Облекол униформа на МВР и се обидел да силува малолетнички

Триесетичетиригодишен кочанчанец е осомничен за „силување во обид“ и „лажно претставување“.

МВР соопшти дека тој на 7 април облечен во униформа во близина на средно училиште во Кочани на две малолетнички, претставувајќи им се дека е полицаец, им побарал лични карти.

Во тој момент поминувала уште една малолетничка која, тој ја пресретнал со возилото и претставувајќи и се дека е полицаец и побарал лична карта. Откако девојчето изјавило дека нема лична карта, тој со возилото ја однел во куќата каде што престојувала и се обидел да ја силува. Во намерата бил спречен од роднини на девојчето.

Судија на претходна постапка на лажниот полицаец му одредил притвор во времетраење од 30 дена.