Италија бара 76.000 работници – еве кои профили се најбарани

Италијанските власти соопштија дека бараат илјадници информатичари кои би ги потполниле слободните работни места. Како што пренесува италијанскиот весник „Локал“, од министерството за труд на Италија соопштиле дека минатата година се испразнети 76.000 работни места во индустријата и технологијата.

Од овие кадри, 41.8% се однесуваат за информатичари, а 30% на инженери.

„За некои занимања, кадар може да се најде, но има и позиции за кои нема соодветни работници, соопштуваат од италијанското Министерство.

Во соопштението се нагласува дека најголем дефицит на стручен кадар има во областа на технологијата и инженерството, бидејќи во последниве години голем број млади и високо образовани луѓе заминуваат да работат во странство.