Видео: Семејството кое Скопје го замени за село Конско

Објавено: петок, 8 април 2016 во 13:20
Spread the love

Радмила е од скопската населба Козле, Јосип од Аеродром. Пред пет години заедно се преселија во гевгелиското село Конско. Сите мислеа дека ова ќе ни биде викенд куќа и никој не очекуваше дека ќе останеме и живееме тука, се потсетуваат некогашните скопјани.

Пет години подоцна и Јосип и Радмила се децидни. Велат, ние и децата никогаш повеќе не би се вратиле да живееме во градот.

Погледнете ја документарната репортажа на Радио МОФ и новинарката Јасмина Јакимова за ова семејство.