Стравично убиство во Радовиш: Четворица силувале баба, ја масакрирале и ѝ зеле 2800 евра

Грозоморно убиство го потресе Радовиш.  Вчера приквечер четворица мажи упаднале во домот на пензионерката С.А., ја силувале, ѝ ги корнеле ноктите, ја убиле и ѝ одзеле поголема сума пари.

Низ градот се зборува дека станува збор за 2800 евра. Извори од МВР го потврдуваат настанот, нивните екипи се на теренот и во текот на денот ќе соопштат повеќе информации.