Мажите од село излегоа на протест со барање жените да останат во селото и да се женат за нив

Мажите во Турција сакаат помош од претседателот Реџеп Таип Ердоган за да си најдат невести, објави електронското издание на грчкит весник „Прото тема“.

Мажите од јужното турско село Јузјумљу излегоа на протест со барање жените да останат во селото и да се женат за нив. За да ја постигнат својата цел тие побараа помош од Ердоган.

Последната свадба во Јузјумљу била пред девет години, бидејќи жените бараат подобра иднина во поголемите градови како Истанбул, Анкара и Анталија.

Мажите инсистираат жените да ги прифатат нивните понуди за брак.

Од друга страна, жените викаат дека не сакаат да живеат мизерен и загушувачки живот во селото.

На страницата „Ал Арабија“ градоначалникот Мустафа Башбилен вели,дека во селото живеат 25 ергени на возраст меѓу 25 и 45 години.

Во последните девет години жителите на Јузјумљу се намалени на половина, односно во 2006 година биле 400, а сега се 233.

-Младите девојки бегаат од селото и одат во големите градови. Во исто време мажите остануваат тука и работат на полето и на фармите, вели Башбилен.

Според градоначалникот селото не е сиромашно, но осаменоста на мажите веќе се претвора во социјален проблем.

Ова е причината поради која сакаат Ердоган да интервенира.

Минатиот месец во својот говор, по повод 8-ми март, турскиот претседател изјави дека жената пред се треба да биде мајка.

Во минатото Ердоган беше критикуван поради изјавата дека контрацепцијата е предавство и дека жената треба да има најмалку три деца.

На митингот пред парламентарните избори во Турција минатата година премиерот Ахмет Давутолу им вети помош при наоѓање на сопруги на поддржувачите на Партијата за правда и развој, истакнувајќи дека тоа ќе придонесе за зголемувањето на нивото на наталитетот.