Потресна исповед на девојче кое се проституирало од 9 години – Мајка ми ме продаваше за хероин (ВИДЕО)

Екипата на американската емисија Sky News снимила тајна полициска операција на разбивање на ланец за детска проституција.

“Сè започна кога имав 9 години. Мајка ми ме продаваше и за возврат добиваше дрога. Им дозволуваше на своите момчиња да ме силуваат за да купува хероин”, ја започнува Сенди потресната исповед.

Сенди, сега 17-годишно девојче, го завршила образованието благодарение на помошта од полицијата и домот за деца.

“Многу девојчиња се проституираат, бидејќи тоа е најлесен и најбрз начин да се дојде до пари. Никој не сака да работи класична работа од 9 до 17 часот, кога вака можете да заработите многу повеќе”, вели таа.

Сенди го напуштила својот дом како дете, а за неа се грижела само улицата. Од детството се борела со пороците како алкохол, цигари и дрога, а со проституција продолжила да се занимава заедно со една пријателка.

“Почнав да се занимавам со проституција, да користам секаква дрога освен хероин и крек, бидејќи ме потсетуваа на мајка ми ужасно се плашев. Дрогата и алкохолот се единствен начин да го совладате таквиот живот. Бев со многу мажи, но се навикнав на тоа. Бев дива”, продолжила таа.

Многу малолетни проститутки се навлечени на хероин и крек, бидејќи на макроата тоа им е најлесен начин да ги задржат во бизнисот.

“Кога немате семејство, немате родители, никој не се грижи дали ќе се вратите дома. Никој нема да повика полиција да праша каде сум или да се загрижи дека сум на улица”, продолжува тајната исповед.

“Затоа девојчињата се занимаваат со проституција, никој не се грижи за нас. Моите родители никогаш не се грижеа за мене. Каде на друго место можев да одам?”, прашала таа.

Детската проституција во Америка расте како епидемија, а полицијата во Лос Анџелес преземала нови радикални мерки во борбата против детската проституција. Тие пронашле огласи на интернет и договориле да се најдат со девојчињата во хотел. Малолетничките ретко им се спротивставуваат на своите макроа, бидејќи последиците по нив може да бидат ужасни.

Полицајците во вториот најголем град во Америка рекле дека овие на овие тинејџерки им пристапуваат како на жртви, а не како на престапници, и им даваат шанса да создадат нов живот далеку од улиците.
“Не постои детска проституција, тие се жртви. Ова го сметаме како операција за спасување и заздравување”, рекле полициските оперативци.

Life As A Child Prostitute“It all started when I was nine, my mum sold me for drugs” – a former child prostitute explains what her life was like

Posted by Sky News on вторник, 5 април 2016