Oд петок дожд и пад на температурите

Сончевото и топло време во Македонија продолжува и утре со умерен повремено засилен југоисточен ветер.

Во попладневните часови се очекува постепено зголемување на облачноста.

Од петок настапува период на променливо облачно ветровито и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд.