Баба во Британија роди тројки

Шерон Катс, 55-годишната медицинска сестра, стана најстарата мајка на тројки во Англија. Последните 11 недели ги поминала во болница за да ја зачува бременоста и за да биде сигурна дека се ќе помине во ред. Шерон и нејзиниот 15 години помлад партнер Стјуарт Рејнолдс се пресреќни поради раѓањето на нивните синови Мејсон и Рајан и ќерката Лили. Шерон земала кредит од 15.000 фунти за да го плати медицински потпомогнатото оплодување со Стјуарт кого го запознала на интернет страница за спојување на двојки.
Шерон веќе има четири деца и четири внуци.

– Знаев дека постои можност за повеќеплодна бременост, бидејќи лекарот ми врати четири ембриони, за да имаат поголеми шански за зачнување. На ултразвукот ни рекоа дека се слушаат отчукувања на три срца. Стјуарт беше шокиран, а јас плачев од среќа – изјавила Шерон за британски „Сан“.

Во еден момент лекарите ги советувале да размислат да абортираат едно од бебињата поради опасностите во бременоста на нејзина возраст. Шерон тоа го одбила и тројките се родени со царски рез и сите бебиња тежат помеѓу 1,8 и 2,2 килограми.

Шерон изненадила и со изјавата дека самата си вбризгнала доза ботокс додека била на чување на бременоста.
– Лекарот ме научи како самата себе да си вбризгнам доза ботокс. Вбризгнав само малку, бидејќи тоа навистина не би требало да го правите додека сте бремени. „Побегнав“ од болницата и за да ја сменам надоградбата на косата. Сакав да изгледам најдобро кога бебињата ќе дојдат на свет – изјавила оваа баба и мајка за „Сан“.