Аукција за поддршка на младиот пијанист Милан Дучевски

Во Центарот за иновации и дизајн „Јавна соба“ вечер од 19 часот ќе се одржува аукција на уметнички дела од која приходот ќе биде наменет за поддршка на младиот пијанист Милан Дучевски за учество на Интернационалниот натпревар по пијано „Џовани Музичисити” во Тревизо, Италија, на 8 април.

Хуманитарниот настан е во рамки на „Добар проект“, а Дучевски е прв добар проект на Платформата за развој на талентирани деца.

Делата кои ќе се продаваат за испраќање на Дучевски на натпреварот се изработени од македонската арт-сцена (Руки Чуки, Ване Костуранов и Индог), а организатори на аукцијата се: Навигатрс, Портрет магазин, ЕуроЛинк осигурување, Пијано форте и Јавна соба.

– Несебичната поддршка на „Капитол мол“ и преплавувањето на социјалните медиуми со видео на кое се гледа виртуозноста на Милан, не доведе до овој последен настан кој е клучен пред неговото заминување во Италија, соопштија организаторите.