Пристигна „смртта за џихадистите“

На интернет се појави видео од руски хеликоптер во близина на неодамна ослободениот сириски град Ал Карјатејн, каде поголемиот дел од населението се христијани.

Рускиот хеликоптер Ка-52 „aligator“ прв пат е снимен во акција, пренесува телевизијата „Русија 24′.

„Видеото е снимено во близина на градот Ал Карјатејн, кој вчера е ослободен од терористите. На видеото се гледа хиликоптерот кој уништува цели“, се наведува во телевизискиот прилог.

Прв пат Ка-52 е забележан во Сирија на 16 март, иако немало официјални податоци за негово испраќање таму.

Хеликоптерот Ка-52 „алигатор“ е модификација на хеликоптерот Ка-50 „црна ајкула“. Тој служи за откривање и препознавање на различни објекти, движечки или недвижечки цели, уништување на оклопни техники, хеликоптери и нисколетечки авиони со мала брзина.