Исповед на новинар: Бев владин агент за вонземјани

Ник Поуп веќе неколку години работи како слободен новинар. Она што е интересно за него е дека 21 година поминал работејќи за британското Министерство за одбрана, и тоа од 1991 до 1994 во одделението кое истражувало НЛО појави.

Беше како вистинско Досие Икс. Единствено што за тоа одделение никогаш не би рекле дека се луѓе во црно. Повеќе беа луѓе во сиво, пишува во текстот Поуп.

Некогашниот агент за вонземјани ни денес не верува дека човечката раса некогаш нашла какво било летало кое им припаѓало на вонземјани. Сепак, вели тој, од 12.000 случаи во кои британското Министерство за одбрана проверувало појави на НЛО, во околу 5 отсто никогаш не успеале да одгатнат за што станува збор, пренесува Експрес.хр .

Како што вели тој, нивна задача била да примаат дојави за НЛО над Велика Британија и потоа интервјуирале очевидци, анализирале фотографии, снимки од радари.

– Баравме вообичаени објаснувања како метеоролошки балони, метеорски дожд, враќање на ракети во атмосферата и други појави кои луѓето ги прогласуваат за НЛО, објаснува Поуп.

Министерството внимава неговата работа да не биде прогласена за лов на вонземјани, но за жал тоа и се случило благодарение на поп културата. Многумина и денес сметаат дека МО крие докази, а како поткрепа на оваа теза служи фактот што генерално работата на оваа институција по природа е таинствена.

Највозбудлива појава на НЛО во Велика Британија е забележана во 1980 година во шумата Рендлшам. НЛО бил забележан меѓу американските воени бази Бентвотерс и Вудбриџ, а по некое време и слетал во шумата. Министерството во кое работел Поуп забележало дека на тоа место радијацијата е необјасниво повисока од вообичаената во околината. Во некои случаи НЛО можело да се фати на радари.

nlo1

За Поуп е фасцинантен случајот од ноќта 30 на 31 март 1991 година кога во тек на 6 часа имало дојави од воени бази кај Косфорд. Очевидци биле воен полицаец и метеоролог. Тврделе дека големо триаголно летало летало над базата и испуштало нискофреквентно зуење, па одеднаш забрзало и исчезнало со брзина поголема до неколку пати од брзината на млазен авион.

Проектот за трагање по НЛО потекува од 1950 година кога војската сфатила дека секоја таква дојава треба сериозно да се испита од безбедносни причини. Во прво време се работело за обезбедување на воздушниот простор од советски летала.

Поуп, кој денес има 51 година, си заминал од МО во 2006 година, тврдејќи дека проектот практично веќе и не постои. По многу финансиски рестрикции во 2009 и официјално бил укинат.