Фото: Од анорексија до бодибилдинг!

Аруша Неконам (25) патела од сериозен облик на анорексија, односно нејзината состојба толку се влошила што косата почнала да и паѓа, а едвај можела и да лежи затоа што имала исклучително малку масти во своето тело, што значи дека ноќите и биле непроспиени.

Нејзиното пореметување во исхраната толку напредувало што докторите и рекле дека ќе мора да почне да користи инвалидска количка, бидејќи одењето било преголем напор за нејзиното срце.

Меѓутоа, наспроти сериозните предупредувања од докторите, Аруша како да не сфаќала што и се случува.

anoreksija1

“Дури и кога ми рекоа дека ми треба инвалидска количка, дел од мене се уште негираше. Гласот во главата ми велеше: тие лажат, сакаат да го уништат твојот труд”.

Исхраната и физичката активност и биле единственото нешто што и помогнало да се чувствува како да има контрола над својот живот, а губењето на килограмите за неа значело победа.

Но, кога докторите и кажале дека ќе и треба количка за да се движи, тоа за неа било будење.

anoreksija2

“Кога сфатив дека сакам да се опоравам, бев во состојба на шок поради тоа што си го направив сама на себе. Физијатарот и нутриционистот ми помогнаа постепено да го зајакнам своето тело, а и мојот ум се опорави”, искрена е Аруша.

anoreksija3

Кога достигнала здрава телесна тежина, почнала да практикува јога за да зајакне. Низ тренинзите постепено го засакала и бодибилдингот, а тоа во целост и го променило животот.

anoreksija4

“Кога почнав да кревам тегови на Инстаграм гледав фотки од бодибилдерки и сфатив дека така сакам да изгледам. Ми беше мака од тоа да бидам преслаба, да не јадам и да не се движам. Сакав да бидам силна”.

anoreksija5