Германска тајна служба: Хашим Тачи е криминалец и убиец

Во доверлив извештај од Германска тајна служба од 2005 година, до кој дојде Викиликс за новиот претседател на Косово, Хашим Тачи се наведува дека е криминалец, убиец, дека се занимавал со шверц на дрога, оружје, трговија со луѓе и се поврзува со исламски тероризам.

Автентичноста на документот е потврдена од Германската тајна служба, која барала Викиликс да го тргне документот. Тој содржи анализа на организираниот криминал на Косово, чиј водач според документот е Тачи и неговиот близок соработник, Џеват Халити кој е претседател на Собранието и член на комисијата за евроинтеграција, финансиерот Екрем Лука и Рамуш Харадинај кој е предводник на опозицијата.

Сето ова го открива вистинското лице на „младата косовска демократија“, а со тоа и дека западните земји поддржуваат опасни криминалци кои дури се поврзуваат со џихад.

„Косово важи за центар на организираниот криминал, од каде се управуваат криминалните активности во цела Европа“-се наведува во документот.

Стои дека Косово е поделено во три зони кои ги контролираат луѓе од ОВК и тоа Дреница, Дукаѓини, и североисточниот дел на Косово кај реката Лаб, а имаат влијание и во делови на Србија и Македонија.