Словенија нуди работа од соништата за 10 лица, пријавени преку 2000 од целиот свет

„Неверојатна деловна можност за десет лица во Словенија, среде зеленото богатство на Европа можете да станете пастир“, гласи огласот на Фејсбук кој веќе има небројани споделувања.

Имено, словенечкиот „Екоресрт под Велика Планина“ бара десет овчари кои би живееле во куќички во планиснкиот ресорт кој ќе се отвори наесен, ќе се грижат за животните, градината и би воделе работилници за деца.

„Работата од соништата трае од две до четири недели, а досега се јавија околу 2000 кандидати од целиот свет, од Австралија, Нов Зеланд, Лондон и секако од Словенија“, вели Матијаж Зорман, раководител на ресортот. Првиот чекор до работата од соништата е да го споделите видеото објавено на Фејсбук. Не се потребни квалификации освен да сакате деца и животни и да знаете англиски.

oglasslovenija2