Киднаперите на египетскиот авион дозволија жените и децата да го напуштат леталото

Киднаперите на авионот „Иџиптер“, кој слета денеска на Кипар им овозможија на жените и децата да го напуштат леталото, и некои од нив веќе слегуваат, соопшти кипарски функционер, пренесува БТА.

Пред тоа киднаперите побараа да бидат повлечени полициските сили од кипарскиот аеродром за да ги ослободат жените и децата, соопшти кипарската новинска агенција.

Авион на египетската компанија „Иџиптер“ со 61 патник и членови на екипажот принудно слета на аеродромот во кипарскиот пристанишен град Ларнака околу 8:30 часот изутрината по локално време, јавуваат кипарските медиуми.

Авионот Ербас А320 сообраќал на релација Александрија- Каиро и кусо по 8:20 часот по локално време навлегол во воздушниот простор на Никозија, при што пилотите побарале да слета на аеродромот во Ларнака, поради тоа што во него имало киднапери