Целта беа христијаните“: Во терористички напад 72 мртви (ФОТО+ВИДЕО)

Pakistani rescue workers remove a dead body from the site of bomb blast in a park in Lahore, Pakistan, Sunday, March, 27, 2016. A bomb blast in a park in the eastern Pakistani city of Lahore has killed tens of people and wounded scores, a health official said. (AP Photo/K.M. Chuadary)

Билансот на загинатите во нападот на бомбаш-самоубиец на паркинг пред преполн парк во градот Лахоре во источен Пакистан, каде католичките христијани го славеа Велигден, достигна 72 лица, а ранети се 200.

Меѓу загинатите и ранети има голем број жени и деца.

Претставникот на полицијата Хајдер Ашраф изјави дека во нападот загинале 72 лица, меѓу кои најмалку осум деца, додека портпаролката на спасувачкиот тим Деба Шахбаз изјави дека меѓу загинатите има 29 деца.

Терористичката група, која го изврши нападот денеска потврди дека цел биле христијаните.

– Христијаните беа цел на нашиот напад во Лахоре, изјави Ехансулах Ехса, претставник на фракцијата на пакистанските талибанци Џамат ул Ахрар.

Тој нагласи дека неговата терористичка група ќе изведе уште такви напади, заканувајќи се дека цел покрај владини и воени објекти, ќе бидат и училишта и колеџи.

Ашраф претходно изјави дека се претпоставува дека напаѓачите не целеле на христијаните, бидејќи повеќето од загинатите се муслимани, додавајќи дека „сите го посетуваат тој парк“.

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун вчера ги осуди нападите, нарекувајќи ги „застрашувачки акт на тероризам“.

Експлозијата одекна пред излезната капија на паркот, неколку метри од детските нишалки.

 

 

Одговорноста за нападот ја презеде фракцијата на пакистанските талибанци Џмат ул ахрар, која соопшти дека цел на нападот било христијанското малцинство.

„Целта беа христијаните. Сакаме да му упатиме порака на премиерот Наваз Шариф дека влеговме во Лахоре. Тој може да прави што сака, но нема да може да нè запре. Нашите бомбаши-самоубијци ќе продолжат со нападите“, изјави портпаролот на групата, Есанулах Есан.

Исламските екстремисти во Пакистан во последниве децении често ги напаѓаат христијаните и другите верски малцинства.