Тажна вест: Почина пејачот на Фламингоси

Актерот Маринко Маџгаљ почина денеска по кратко боледување од тешка болест во 37. година од животот.

Тој е роден 1978 година во Белград, но растел во Котор. Популарноста ја стекна во телевизиската серија Црни Груја, како и во групта Фламингоси во која пееше заедно со Огњен Амиџиќ. Се испроба и како водител. Молиер на почетокот од кариерата му донесе голема популарност.

Беше оженет со актерката Дуња Мијатовиќ со која има ќерка. Последната песна ја сними пред една година токму во Скопје и е посветена на сопругата на Огњен која е Македонка.