Не сакаат концерт од Северина – Ја нарекоа порно ѕвезда

Откако градските власти најавија концерт во Нови Пазар на Северина Којиќ, кој ќе чини 40.000 евра, бројни граѓани на социјалните мрежи се побунија.

Тие, Северина ја нарекоа порно ѕвезда и велат дека никако не смее да пее во Нови Пазар, бидејќи е лоша за промоција на нивниот град, со оглед на тоа дека пред неколку години во јавноста излезе нејзино приватно порно видео.