ФОТО+ВИДЕО: Граѓаните на грчки град ги пречекуваат бегалците со свински глави

Објавено: сабота, 26 март 2016 во 16:16
Spread the love

Грчките власти почнаа да ги евакуираат мигрантите од бегалскиот камп Идомени на границата со Македонија, соопшти денеска полицијата.

kamo3

Осум автобуси однесоа вчера околу 400 мигранти од кампот Идомени кон центрите за сместување во регионот, Катерини и Вериа. Уште десетина автобуси чекаа денеска да ги земат мигрантите, кои тргнаа да го напуштаат кампот, најмногу семејства со деца, пренесе БТА.

kamp2

Жителите на Вериа протестираа против оваа одлука на грчките власти за пренесување на бегалците од Идомени во нивниот град. Тие по патот каде што треба да поминат бегалците фрлаа свински глави.

Тие исто така е обиделе да ги спречат автобусите со бегалците да поминат, при што интервернирала полицијата.

Според официјални податоци, утрово во Идомени имало 11.603 лица.