„Илуминати“ ги предвиделе нападите во Њујорк и смртта на Леди Ди, сега предвидуваат Трета светска војна

Автор на социјални игри во 1995 година го предвидел терористичкиот напад на Њујорк и смртта на принцезата Дајана, а теоретичарите на заговори тврдат дека тоа е само почеток на настаните кои не очекуваат.

Автор на социјални игри во 1995 година го предвидел терористичкиот напад на Њујорк и смртта на принцезата Дајана, а теоретичарите на заговори тврдат дека тоа е само почеток на настаните кои не очекуваат.

Неверојатниот цртеж на карта која доаѓала со социјалната игра „Илуминати: Игра на заговори‟, претставува морничаво прецизна слика на запалените кули близначки на Светскиот деловен центар во Њујорк по терористичките напади на Њујорк.

Картата се наоѓала во унапредената верзија на играта која е објавена во 1995 година, речиси шест години пред разорниот напад.

Учесниците во играта добиваат можност да го водат тајното здружение „Илуминати“ и да смислуваат планови за светска доминација.

Оваа организација, која се прослави во романите на Ден Браун, наводно е тајна група во која е светската елита и која сака да воспостави „нов светски поредок‟ и да ја преземе контролата над човештвото или барем така тврдат многу вљубеници во теориите на заговор.

Фактот дека играта за тајната организација го предвидела еден од најголемите терористички напади на светот, ја разбуди фантазијата на многу луѓе на интернет кои тврдат дека тоа е дело на „Илуминатите“, кои со овој акт сакале да добијат поддрршка за воените походи на Блискиот Исток.

Меѓутоа, тоа не е се. Во истата верзија на играта се наоѓа и карта под името „Пентагон‟, која го покажува центарот за одбрана на САД во пламен. Пентагон исто така беше нападнат на 11 септември, а многу теоретичари на заговори сметаат дека тоа никако не може да биде случајност.

Текстот за овие карти објавен на сајтот Катингеџ тврди дека играта „ни дава духовен увид во светскиот поредок‟.

Оваа карта прилично детално го прикажува нападот на кулите во Њујорк. Како Стив Џексон можел да знае дека тоа ќе се случи? На врвот на картата јасно стои еден натпис дека виновниците за нападот се терористи. Кулите близначки не ги уништи терористичка нуклеарна направа? Овие карти можел да ги смисли само некој кој знаел за планот на „Илуминатите“, бидејќи нема шанса кој било човек да може случајно да ги создаде овие слики кои се остварија по шест години подоцна.

Се чини дека играта предвидува многу ужасни настани

Вљубениците во заговорите исто така тврдат дека постојат и карти кои го предвиделе земјотресот и цунамито во Јапонија во 2011 година, па дури и смртта на принцезата Дајана.

Во играта постои карта, која се појавила две години пред смртта на принцезата Дајана и која ја прикажува опколена од папараци. На таа карта пишува дека таа „е имуна на нападите на ривалите и либералните групи, но не и на нападите на медиумите‟. Но, сепак не се спомнува нејзината смрт.

Меѓутоа, најмногу загрижува тоа што теоретичарите на заговори го тврдат дека играта го предвидува во иднина. Тие тврдат дека Џексон успеал да ги открие плановите на „Илуминатите“ и дека играта ја искористил да им ги обелодени на светот.

Како што наведуваат теоретичарите на заговори, тоа го потврдува и фактот дека агентите на тајната служба на САД извршиле рација на неговото работно место пред играта да биде објавена, за да го натераат да ја уништи.

Што се предвидува оваа игра?

Ако верувате во теории на заговори, тогаш пред нас е трета светска војна.

Картата „Трета светска војна‟ на играчите им дава можност да започнат уште еден глобален конфликт и така да го спроведат новиот светски поредок.

Тука се уште и карти кои прикажуваат удар на астероид и доаѓање на антихристите. Јасно е дека не ни се пишува добро.

Од друга страна, многу скептици тврдат дека картите не предвидуваат ништо, бидејќи постоел обид за терористички напад на кулите близначки во 1993 година, две години по излегувањето на новата верзија на играта.

Но, тоа сигурно нема да ги спречи луѓето на интернет, како и Молдер и Скали да ја бараат вистината.