Хуманитарен настан: Биди човек, подари книга

Утре(сабота) во кафе-книжарницата „Децата од нашата улица“ ќе се одржи четвртото издание на хуманитарната акција „Биди човек, подари книга“ во организација на Тихомир Јанчовски.

Целта на настанот е да се соберат книги-донации за збогатување, односно формирање на училишни библиотеки во неколку села низ Македонија. Во координација со утрешниот настан, слична акција се одржува денес во Битола, каде ќе се собираат книги за училишнате библиотека во основното училиште во с.Новаци.

Во Скопје ќе се собираат книги за селата Ракотинци и Студеничани. Се очекува да бидат собрани лектирни изданија и генерално книги наменети за деца на возраст помеѓу 7 и 14 години.