Драматични снимки како полицијата убива осомничен терорист во Брисел

Трета експлозија се слушна денеска попладне во текот на полициската акција во Брисел која е поврзана со терористички напади на аеродромот и метрото кои се случија изминативе денови.

Во голема полициска акција во бриселскиот кварт Шарбек рането и уапсено е лице кое кај себе имало експлозивни супстанци, јавува белгиската телевизијаRTBF, а пренесува „Ројтерс“.

Како што наведува „Ројтерс“, акцијата која е во тек има врска со терористичкиот напад кој синоќа беше спречен во Франција. На лице место се голем број припадници на специјалната полиција, оклопни возила и воени камиони.