ВИДЕО: Тргнала на венчавката на својата сестра, а ја убиле терористите во Брисел

Аделма Тапиа Руиз, живеела во Брисел и барала лет за Њујорк со своето семејство во вторникот наутро, велат нејзините пријатели.

Нејзините ќерки трчале наоколу, а нејзиниот сопруг ја следел и тогаш се случиле експлозиите на аеродромот.

Руиз била убиена, а една од нејзините ќерки и сопругот биле повредени во нападот.
-Требаше да биде готвачка и се подготвуваше за свадбата на својата сестра. Тоа е страшно, раскажала семејната пријателка Марта Сиско.


-Семејството сега е тотално скршено. Мајката мораа да ја однесат во болница вчера. Ние прославувавме кога некој се јави да ни каже што се случило. Сите беа во шок, рекла семејната пријателка Лилиана Делгадо.

Руиз не го видела своето семејство во Њу Џерси неколку години, а среќниот собир се претворило во погреб.