Њујорк и Лондон ќе бидат под вода за неколку декади?

Повеќето научници се согласуваат дека ќе се случи покачување на морското ниво, но некои тврдат дека тоа нема да се случи со векови, а други тврдат дека тоа ќе се случи многу поскоро отколку што мислиме.

Ново истражување вели дека морското ниво ќе се покачи во наредните 50 години, а крајбрежните градови како Њујорк и Лондон веројатно ќе бидат под вода до крајот на овој век.
voda1

„Без драматично намалување на емисијата на гасови, глобалното морско ниво ќе се качи на неколку метри во рокот од 50 до 150 години“ – тврдат истражувачите.

london

До пред околу 130.000 години морското ниво било за 6 до 8 метри повисоко од денес, а тогаш температурите биле само околу еден степен повисоки од денес.

„Младите луѓе ги ставаме во ситуација која тешко ќе можат да ја контролираат“ – вели Џејмс Хансен, пензиониран климатски научника за НАСА.

Кои земји најмногу ќе бидат зафатени од климатските промени?

rusija