Еве зошто ИД како и сите терористички организации за самоубиствени напади користи браќа

Најчесто терористичките групи како што е Исламска држава, за изведување на самоубиствени терористички напади користи браќа или пак луѓе кои се крвно поврзани.

Причината е многу едноставна: се покажало дека така нападите ќе бидат успешно изведени и дека бомбашот самоубиец нема да се премисли во последен момент.

Самоубиствениот напад во аеродромот Завентем во Брисел го извеле браќата Ибрахим и Калед ел Бакраоуи. Криминалистичкиот психолог Миа Блум, објаснува како крвните врски се појавуваат во многу злосторства во последните децении, уште од 70-тите години од минатиот век.
-Кога станува збор за самоубиствени напади, секогаш постои можност некој во последен момент да се премисли, а тешко е да се откажат доколку со нив е некој од семејството, бидејќи не сакаат да го разочараат своето семејство, вели Блум.

Исто како и нападите во Брисел, во Париз минатиот ноември, кога биле убиени 130 луѓе, учествувале браќата бомбаши Салах и Брахим Абдеслам. Но, Салах сепак не го активирал експлозивот и бил во бегство сè до минатата седмица, кога бил уапсен во Брисел.

brakja-teroristi.jpg1

Во јануари 2015. година, уште еден пар браќа учествувале во нападот на сатиричниот весник “Charlie Hebdo”, кога биле убиени 12 лица. Станува збор за Саид и Шефир Коуачи, а двајцата биле убиени од полицијата.

brakja-teroristi.jpg2

И бомбашкиот напад во Бостон го извеле двајца браќа – Џокар Тсарнаев, кој имал само 19 години и преживеал, и Тамерлан, кој бил убиен во пресметка со полицијата. Во април 2013. година, овие двајца, на Бостонскиот маратон убиле три, а раниле 260 луѓе.

-Најлесно се регрутираат членови на семејството, а потоа пријатели. Лицата кои се физички блиски не се сомнителни, објаснува Клинт Ватс кој е поранешен припадник на ФБИ.

Тој вели дека и покрај силното присуство на ИД на интернет, најмногу луѓе се регрутираат непосредно.