ВИДЕО: Ова е херојот кој спасил седум ранети лица

Алфонсе Јоула нормално ја работел својата работа на бриселскиот аеродром во моментот кога слушнал како некој вика на арапски, а потоа одекнала експлозија. „Слушнав како човек извикува некои арапски зборови, а потоа експлозија… потоа уште една, многу посилна“.

Алфонсе истрчал и успеал да им помогне на седумте постари и повредени луѓе така што ги изнел од хаосот кој владеел во зачадениот терминал. „Беше вистински ужас. Видов барем седум мртви лица, имаше многу крв. Луѓето беа без нозе. Можеа да се видат нивните тела, но не и нивните нозе“.

Најмалку 35 лица беа убиени и голем број повредени после серијата бомбашки напади во аеродромскиот терминал и подземната железница во Брисел.

Уплашените патници на бриселскиот аеродром раскажувале дека насекаде имало крв после експлозиите, а патници облеани со крв насекаде бегале низ аеродромот кој бил исполнет со густ чад.

„Две експлозии речиси се случија истовремено. И двете беа кај check-in одделот. Беше одвратно, насекаде имаше крв, беше како апокалипса“, раскажува Самир Дерух кој работи во ресторан на аеродромот.

„Најпрвин имаше една експлозија, а набрзо потоа уште една. Имаше многу, многу силен блесок, а еден од столбовите се сруши. Сето тоа се случи на само 30 метри од местото каде што бев јас. Видов луѓе како бегаат, па започнав да бегам и јас“, раскажува Дрис Валерт кој чекал да се качи во авион.