Русија: Западната политика на „двојни стандарди“ резултира со терористички напади

Потпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека западната политика на „ двојни стандарди“ довела до терористички напади и дека замрзнувањето на дипломатските односи меѓу НАТО и Русија ја забавила борбата против тероризмот. 

Кремљ во меѓувреме, и изрази сочуство на Белгија и изрази солидарност со земјата по нападите кои се случија утринава, во кои загинаа голем број на луѓе.

Иако Русија и САД со своите посреднички напори издејствуваа кревко примирје во Сирија, двете земји се уште се во несогласување во врска со тоа како да постапат со заканата која доаѓа од Исламска држава.

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на руската Дума, Алексеј Пушков, исто така ги критикуваше Европа и НАТО по нападите во Брисел.

Пушков изрази сочуство, и нагласи дека „дојде времето Европа да увиди од каде доаѓа вистинската закана и да ги здружи силите со Русија“.

– Додека генералниот секретар на НАТО Јенс Солтенберг е зафатен со имагинарните руски закани и испраќа војници во Летонија, пред нос, во Брисел му дигаат луѓе во воздух, посочи Пушков.

Оваа реакција на рускиот претставник уследи по денешните терористички напади на белгискиот аеродром прии што загинаа 34 лица и на една од станиците на метрото во Европскиот кварт на белгиската претстолнина, каде загинаа 20 луѓе, а околу 150 се повредени.