Во Московските училишта ќе биде воведено посно мени

„До Московското градско собрание веќе во неколку наврати се обраќаат претставници на православната заедница,  со молба да се воведе посно мени на школските трпези. Токму затоа ние решивме да се зафатиме со овој проблем“, соопшти раководителот на комисијата при московската Влада, за општествени здруженија и религиозни организации, Антон Палеев.

Притоа пратеникот истакна дека посната трпеза нема да биде воведена како задолжителна за сите ученици – на децата ќе им се остави избор.

Според зборовите на Палеев, во кујните за школска прехрана, постои секаква можност да се рашири менито со дополнителни посни оброци.