(ВИДЕО) Маж се разнесе со бомба во центарот на Белград

Засега непознат маж загинал денес во 12.38часот во улицата Илија Гарашанин, откако во слаткара активирал експлозивна направа, соопштило Министерството за внатрешни работи на Србија, пренесоа српските медиуми.

Како што јави репортерот на „Блис“ местото на инцидентот е затворено за сообраќај, а на лице место има голем број на припадници на МВР на Србија кои вршат увид. На лице место се и форензички екипи.

Трагедијата се одиграла во слаткара, кога засега неидентификувано лице влегло во неа, ги избркало сите кои биле таму а потоа активирало експлозивна направа.

Како што се дознава, маж од околу 50 години околу 12.30 часот влегол во слаткарата Петковиќ, им ја покажал бомбата на работниците им им рекол да излезат надвор. После тоа ја активирал бомбата, легнал на неа и се разнел.

Очевидци на страшниот настан раскажале дека пред околу саат време одекнала силна експлозија.

Се работи за позната белградска слаткара која е во сопственост на поранешен министер за култура и советник на премиерот за култура и претседател на Заедницата на музеј, наука и техника Братислав Петковиќ.

Во непосредна близина се наоѓаат уште и банка, две пекари, месара, неколку локали со брза храна, аптека и пазар.