Рчењето ги храни ќелиите на ракот

Состобата во која мускулите на грлото го ограничуваат  снабдувањето со кислород, предизвикува недостаток на кислород во виталните органи. Како одговор телото отпушта протеин кој предизвикува создавање на повеќе крвни садови. Тоа го зголемува снабдувањето со кислород, но исто така ги храни ќелиите на ракот и предизвикува нивно развивање.

Апнејата е најчеста кај средновековните мажи со вишок килограми. Во најтешки случаи дишењето е прекинато десет секунди на секои две минути. Познато е дека оваа состојба го дуплира ризикот од мозочен удар и го зголемува ризикот од срцеви болести за 80%.

Но овие случаи често не се правилно дијагностицирани, па многу луѓе не се ни свесни за својот проблем. Експертите во клиниките во Барселона заклучиле како оваа состојба го поттикнува развојот на туморските станици бидејќи ја проучувале хипоксија- недостатокот на кислород- кај глувците.

Сознанијата сугерираат дека третирањето на апнејата кај заболените од рак на пример со носење на посебни маски, може да го намали ризикот од ширење на туморските ќелии.

Докторот Антони Виласека вели : „ Хипоксијата има потенцијал да го охрабри создавањето на нови крвни садови во во рамките на туморот, што значи дека ќе имаат пристап до хранливите материи. Ова истражување разоткрива механизам со кој состојбата која го ограничува снабдување со кислородот, како апнејата, го развиваат ракот.“

Резултатите од ова истражување претставени се на конференцијата во Мунхен во Германија. Професорот Арнул Стензл од Универзитетот Туебинген вели: „Студиите покажуваат зошто зголеменото снабдување со кислород на пример со престанување со пушење на цигари или редовни спортски активности може да влијае на позитивниот исход во лечењето на ракот.“