Емотивна приказна: Се венчаа бездомникот и жената која му даваше пари

Џек Ричардсон, бездомник од Бристол, Англија, својата љубовна приказна јаа испишува со жената којашто му давала пари во текот на тешките моменти. 

Нивната трогателна љубовна приказна почнала во декември 2013 година кога Ричардсон на паркингот го пронашла неговата сегашна сопруга Тони Озборн. Всушност, Ричардсон просел во Бристол во 2013 година, кога наишла Тони Озборн. Тој побарал од неа пари, а таа се расплакала бидејќи во тој момент немала пари ниту да ја плати струјата, па тој и дал 50 пени. Оттогаш биле во контакт. Потоа, таа од ден на ден му давала пари, а тогаш се родила љубов кој кулминирала со венчавка.

– Тони е прекрасна жена која по неколку месеци ми понуди да се вселам во нејзиниот стаан. Кога се вселив, мојот живот целосно се промени. Почнавме полека, а потоа „до уши се вљубивме еден во друг“ – рекол Ричардсон.

svadba1

Нивната љубов растела од 3 ноември минатата година. Вљубената двојка се венчала во црквата „Свети Павле“ во Клифтон. Нивните пријатели, од фризери до графички дизајнери, ги понудиле своите услуги во текот на венчавката. Двојката отпрвин немала пари за организација на црковна венчавка, па свештеникот им понудил да ги венча бесплатно. Се приклучиле и останатите и ја понудиле својата помош, и тоа продавачи на вино, фотографи, фризери…

– Добивме дури и донација за венчаницата на Тони, а еден човек ми купи костум од „Армани“ – рекол Ричардсон пред венчавката.

Тој сега студира психологија, а планира да им помогне и на другите луѓе да се тргнат од улица. Ричардсон има работа продавач на весници, а купувачите на весници му понудиле да направат торта за венчавката.