Рецепт за слабеење: Свеж рен, лимон и мед

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува доста актуелен. Според истражувањата овој рецепт прво го направила некоја жена за лек против болести, но на крај се констатирало дека од него се губи тежината. Јадејќи секој ден по две лажички од мевлемот од рен заедно со оброк, ќе намалите 1 сантиметар дневно од обемот на половината.

Ова го докажува и објавила др. Ирина Стефановска, познатата фитотерапевтка, во емисијата за здраво живеење на руската телевизија. Според неа, жените кои биле дел од истражувањето, слабееле во обемот на струкот по 1 сантиметар на ден, исто така и мажите ако имаат проблеми со тежината, слободно можат да го конзумираат.

Исто така, овој мевлем ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

Состојки потребни за овој лесен рецепт: свеж рен, непрскан лимон со кора(ако е прскан ставете го 5 минути во ладна вода со оцет) и мед.

Количински состојки:
– 125 г рен
– 3 непрскани лимони(ако се прскани ставете ги во ладна вода и оцет во истата и нека отсојат 5 минути, потоа измијте ги)
– 3 лажички мед

Како се прави, постапка:
1.Исечкајте го ренот и ставете го блендер да се изблендира.
2.Трите лимони исечкајте ги на коцки и отстранете ги семчињата. Додадете ги во ренот и заедно изблендајте ги.
3.Додадете го медот и убаво размешајте.
4.Мевлемот чувајте го во стаклена тегла и на ладно –  во фрижидер.

Како се употребува:
По една мала лажичка, двапати дневно заедно со оброк, а резултатите започнуваат да се забележуваат по 3 седмици.

Важно: После третата недела не е препорачливо да се конзумира.