Уапсени двајца Албанци при обид за шверц на дрога вредна седум милиони евра
Објавено:
петок, 18 март 2016 во 16:51
Италијанската полиција денеска уапси двајца албански државјани кои се обиделе да прошверцуваат 700 килограми марихуана од Албанија во Италија.
Двајцата Албанци, на возраст од 40 и 45 години, се запрени во голем гумен чамец, во кој се наоѓала дрогата, чија вредност на црниот пазар се проценува на околу седум милиони евра.