Ова се најхрабрите Сиријци: Трет ден по ред протестираат против џихадистите

Граѓаните на Марат ал Нуман, во северозападната сириска провинција Идлиб, трет ден по ред продолжиле со демонстрациите поради однесувањето на Нусра Фронтот, гранка на Ал Каеда.

„Демонстрантите бараат милитантите од Нусра Фронтот да се повлечат од Марат ал Нуман и целата покраина”, рекол Сахран ал Мухамед, еден од организаторите на протестот.

„Екстремистите во Нусра Фронтот се обидуваат да ги наметнат своите прописи на луѓето во Марат ан Нуман, и другите делови на Идлиб, игнорирајќи ги бунтовничките групи кои се вистински претставници на нашата револуција против Асад”, рекол Ал Мухамед.

„Нема да го сопреме протестот против Нусра Фронтот додека не се повлечат од регионот во целост”, рекол тој.

„Луѓето во Идлиб нема да ја прифатат радикалната идеологија на Ал Каеда и на ИСИС”, тврди организаторот на штрајкот.

Стотина луѓе излегле на улиците во неколку области на провинцијата Идлиб во понеделникот, осудувајќи го тоа е опишано како “агресија на Нусра Фронтот против цивилите и умерените бунтовници”.

Локалните извори потврдиле дека гневните демонстранти провалиле во седиштето на џихадистите во градот Марат ал Нуман и запалиле неколку нивни згради.