Путин: Борбата против тероризмот во Сирија продолжува

Рускиот претседател Владимир Путин порача денеска дека борбата против тероризмот ќе биде продолжена, додавајќи дека одлуката за делумното повлекување на војската од Сирија е договорена со сирискиот претседател Башар ал Асад, пренесува Танјуг.

Путин истакна дека Русија создала услови за мировен процес во Сирија и дека Москва ќе продолжи да го надгледува договорот за прекин на непријателствата.

Русија, како што потврди Путин, во Сирија ќе го остави противвоздушниот ракетен систем за одбрана С-400.