Пошол во Струга да купи „БМВ“, па наместо возило добил пиштол во глава!

Објавено: среда, 16 март 2016 во 13:49
Spread the love

Во понеделникот околу 18.00 часот во Струга две непознати лица извршиле разбојништво над Д.П. (27) од с.Богомила, велешко.

По претходен договор за купопродажба на автомобил „БМВ“, Д.П. дошол во Струга и се сретнал со лицето договарач Телемак „Н“ и уште едно непознато лице. Во еден момент му впериле пиштол во слепоочницата, му ставиле платнена прекривка и бил удиран по главата. Притоа му одзеле паричник во кој имало лична карта, 1.300 денари, трансакциски картички од банки, 6 400 евра и мобилен телефон.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.