Горка диња- убиец на ракот

Горката диња е од фамилијата Cucurbitaceae, билка која расте во тропски и суптропски подрачја на Средна и Јужна Америка, Африка и Азија. Се одгледува како храна и лек. Билката расте како лоза со долги расцепени листови и жолти цветови.

Плодот изгледа како брадавеста тиквица со издолжен облик со налик на краставица. Младиот плод е зелен односно се претвора во портокалово жолт кога е зрел. Зрелиот плод пука и се распрснува на три дела и испушта бројни црвени семки. Сите делови на билката се горки и се јадат, листот, плодот и семето. Незрелите плодови се добар извор на витамин Ц, калиум и фосфор. Во кулинарството горката диња може да се припрема и сервира со компири, зготвена, печена и пржена. Сушените листови се користат за чај.Најновата студија покажала дека сокот од горката диња значително го намалува растот на канцерогеното ткиво бидејќи го нарушува метаболизмот на гликоза во клетките од ракот, со што буквално ги изгладнува неговите клетки без шеќерот кој е основното гориво без кое не можат да преживеат.

Иако растението е познато по својата лековитост, повеќето здравствени бенефити (антивирусно дејство, антиоксидант, лек против дијабетес, антиканцерогено дејство), дури неодамна станаа актуелни во западната медицина. Оваа билка под латински назив Momordica charantia е посебно позната во Јапонија, поточно во Окинава, каде жителите се познати по својата долговечност.

Во последниве 4 години интензивно се истражува ефектот на ова растение врз ракот. Ефектот се забележува кај рак на дојка, простата, дебело црево, црн дроб, желудник, леукемија и др. Најновата студија покажала дека сокот од горка диња дејствува цитотоксично и на карциномот на панкреасот. Сокот предизвикува програмирана клеточна смрт на канцерогените клетки (апоптоза) и што е уште поважно активира AMPK што е знак дека го онеспособува метаболизмот внатре во канцерогената клетка која потоа станува неспособна да се исхранува што резултира со нејзина смрт.