НЛО се појави над Битола?

Неидентификуван летечки објект вечерва се појави над Битола. НЛО-то беше забележано од неколку жители од Брусничка населба кои реагираа во нашата редакција, а еден од гледачите испрати и фотографија, пренесува телевизија Орбис.

Според нивните изјави неидентификуваниот летечки објект се наоѓал над трговскиот центар „Кеопс“ и бил огромен.

Екипа на ТВ Орбис не успеа да го сними или фотографира НЛО-то.

Извештаи за необични воздушни феномени датираат уште од антички времиња, но актуелни случувања и првите официјални истраги започнуваат за време на Втората светска војна, со забележувања на т.н. фу-фајтери (термин користен од пилотите на Сојузниците во Втора светска војна за опишување на воздушни феномени видени на небото над европскиот и пацифичкиот фронт) во 1946 година и широко-познатите видувања на европските „ракети-духови“.

Овие НЛО видувања и пријавувања пристигнуваат во сè поголем број по првата објавена статија во САД за НЛО, кога приватниот пилот Кенет Арнолд, во летото 1947 година, тврди дека видел НЛО. Оттогаш се пријавени десетици илјади видувања на НЛО на светско ниво.