Во Каменско вечерна богослужба за празникот Прочка- Поклади

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Од Дебарско-кичевската епархија информираат дека на 13 март, недела, во црквата „Света Богородица“- Каменско, ќе се служи вечерна богослужба, по повод празникот „Прочка- Поклади“. Богослужбата ќе започне во 16.00 часот, а ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Од Дебарско- кичевската епархија ги информираат православните верници дека од 14 до 17 март, во црквата „Света Богородица“- Каменско, секое утро со почеток во 7 часот, ќе се служи утринска богослужба со часови и вечерна, а вечерта во 16 часот, ќе се служи големо повечерие со канонот на свети Андреј Критски.

Од понеделник до четврток богослужби ќе има само во црквата „Света Богородица“ – Каменско.