На раб на нуклеарна војна, Северна Кореја лансираше две балистички ракети кон Јапонското море

Наскоро ќе избие уште една војна? Овој пат ситуацијата е пред сериозна воена ескалација на корејскиот полуостров.

raketi12

Северна Кореја лансираше две балистички ракети од краток домет кон Јапонското море, пренесуват високи воени функционери на оваа држава. Лансирањето на ракетите се случило во моментите кога САД и Јужна Кореја одржуваат големи воени вежби во кои учествуваат дури преку 300 илјади војници.

Во извештајот на јужнокорејската војска стои дека ракетите биле лансирани во 05:20 часот утрината и летале 500 километри пред да паднат во Јапонското море.

„Нашата војска будно ја следи ситуацијата и е подготвена да се соочи со сите севернокорејски провокации“, соопштија од генералштабот на јужнокорејската армија.

На Јапонците исто така им пречи лансирањето на севернокорејските балистички ракети, а по повод лансирањето, јапонскиот премиер Шинзо Абе свика итен состанок на советот за национална безбедност на Јапонија.

Да потсетиме, минатиот вторник за време на состанокот на нуклеарните научници, севернокорејскиот претседател Ким Јонг-Ун уште еднаш јасно порача дека неговата земја е подготвена и за превентивен нуклеарен напад во случај на американска агресија.