ФОТО: Сексот со ангелите на смртта многу се плаќа, но после него сите умираат!

Во квартовите на Лагос, во Нигерија, владее тешка сиромаштија, а околу 1,2 милиони луѓе се ХИВ позитивни. Меѓу нив се и десетици илјади проститутки кои своите услуги ги наплатуваат по поголема цена бидејќи спијат со мажите без да користат заштита. Дневно имаат секс со пет или повеќе мажи, пишува 24сата.

zena2

Бадија е означена како “лошо место”, а на Нигеријците таму им недостасува се, освен црн хумор. Нигерија е сиромашна земја која брои 140 милиони жители, а по Индија и Јужна Африка има најголем број на жители заразени со ХИВ вирус.

Од почетокот на епидемијата која почнала во 2000 година, околу 800.000 луѓе умреле во Нигерија. Но најлошото допрва доаѓа: во рок од пет години во Нигерија од овој вирус умреле 5 милиони луѓе. Во 2015 година оваа бројка е 10 милиони. Во Лагос, состојбата е алармантна, дури 1,2 милиони заразени. Девојчиња од 14 година работат во квартовите на Лагос за да преживеат. Тие имаат од 2 до 5 клиенти дневно, што помлада девојка тоа поскапа цена. Една од проститутките во Бадија има околу 5 клиенти дневно. Многу од нив немаат пари. Најмладите и најатрактивните живеаат надвор од оваа област, а штом сонцето зајде, баровите се отвараат, а овие девојки почнуваат да работат и бараат “бел” богат човек, најчесто кој изгледа грдо, но има пари.

zena3

Тие имаат по еден клиент на ноќ и нивната цена е од 50 до 10 евра, а најчесто заминуваат во хотелите. Проститутките и клиентите се во висока ризична група на ХИВ епидемија. Тие говорат дека кондомите се користат во пракса, но тоа најчесто не е случј кај нив. Причината е поради тоа што мажите во Африка плаќаат повеќе доколку имаат секс без заштита. А и доколку и се користат, тие кондоми се со лош квалитет, па најчесто ја немаат функцијата која би требало да ја имаат. Голем број од овие жени се или трудни или се заболени од тешки венерични болести. Локален лекар им ги отстранува фетусите за 1 евро, но голем дел од жените умираат или имаат големи компликации при постапката.

Свеста кај проститутките е многу мала за тоа колку ХИВ е опасен вирус. Тие виделе голем број на девојки кои умираат, а голем дел кои се заболни од овој вирус не се свесни за својата состојба, со оглед на тоа дека мала е бројката на луѓе кои се тестираат.

– Работам тука три месеци веќе како проститутка. Моите родители се многу сиромашни и немаат пари за да ме школуваат. Престанав да одам на училиште во втората година од средното образование. Немав работно искуство, па неможев да најдам никаква работа. Немав пари за храна, а родителите тоа не ги загрижуваше. Да бидам проститутка е една од опциите кои ги имав. Отидов во Бадија, бидејќи таму никој не ме познаваше и никој не можеше да им каже на моите родители со што се занимавам и што правам. Ноќе замнувам во баровите во потрага на белци. Доколку ја поминам ноќта со него добивам 50 евра. Се надевам дека ќе соберам доволно пари за да се вратам на училиште. Кажувам дека имам 26 години – раскажала Синтија Џон.

Девојките почнуваат од нивната 12 година да работат во квартовите, и најчесто цената им е многу ниска и не користат заштита. Голем дел од нив се заразени со ХИВ, а работат за макроа кои им обезбедуваат некој вид на заштита.

– Имав 11 години кога престанав да одам на училиште, дома моите немаа пари за тоа. Го преживеав тоа многу лошо, бидејќи бев добра на училиште. Моите родители се многу сиромашни, па морав сама да заработувам. Пробав да продавам разни работи на улиците, но тоа не беше доволно. Во таа ситуација завршив како проститутка. Веќе пет месеци го работа тоа и мислам дека е ужасно. Моите родители не знаат за тоа. Клиентите мислат дека имам 20 години – раскажала Гифт Океке.