Се сеќавате на ова младо момче – Украде милиони од банките и сите пари ги даде за народот

Хамза Бендилаз (28) од Алжир, осуден е во САД на 30 години затвор и парична казна од 4 милиони долари, поради хакирање на преку 200 банки и кражба на повеќе од 200 милиони долари, кој ги поклонил во доброволна цел во Палестина во 2009 и 2010 година.

Според поединечни наводи, почнал да хакира банки на 20 години кога диплимирал информатичка технологија на универзитетот во Алжир. Хакирал приватни сметки во 217 банки и финансиски компании низ целиот свет во 2009 и 2010 година.

-Со една трансакција можел да заработи од 10 до 20 милиони долари – изјавил еден официјален преставник на САД.

За разлика од другите хакери, наместо да ги задржи парите за себе тој ги донирал на Палестинците. Наводно им дал 280 милиони долари.

Три години го барал Интерпол, а уапсен е во 2013 година во Тајланд, кој му бил транзитна станица меѓу Малезија и Египет. Младиот хакер не делувал вознемирен и не се противел на апсење. На фотографиите додека го апселе е насмеан.