(ВИДЕО) Мистерија: Река исчезна преку ноќ!?

Илјадници Мексиканци се изненадени кога дознале дека нивната локална река исчезна буквално преку ноќ. Реката Атојац, единствениот извор на вода за 10.000 луѓе во државата Веракруз, исчезна во дупка која се појави по земјотресот.

Не е познато како тоа се случило, бидејќи реката поминува низ осум општини во планинскиот регион на Мексико, а ја проголта дупка во земјата.

Жителите на Сан Фермин каде се појави големата дупка тврдат дека во текот на ноќта слушнале бучава и се чувствувало како земјата трепери..

– Прво, видовме дека од чешмата повеќе не тече вода, а кога ја напуштивме куќата видовме една дупка во коритото на реката каде што нема вода! -рече Хуана Санчез.

Се покажа дека дупката е длабока околу 30 метри, а е на три километри од изворот на реката од која се снабдувале илјадници семејства и плантажи на шеќерна трска.