ВИДЕО: Џихадистите повoрно се заканија – Ќе го убиеме Путин

Лидерот на Исламската држава во Северен Кавказ ги повика руските муслимани да ги „ убијат отпадниците во Русија“ и ветува дека ќе го нападне претседателот Владмир Путин и ќе го спроведе шеријатот во земјата.

Во видео снимката која ја објавија џихадистите во неделата, броците ги повикуваат муслиманите во Русија да им се придружат тврдејќи дека „калифатот“ е веќе тука.

Ова е првото видео кое оваа група која се наоѓа во Кавказ  од кога се обврзале на лојалност на лидерот на џихадистите Ал Багдади во јуни 2015 година.

Снимката содржи повеќе сцени од најава на репортери на руските ТВ станици до презентација на милетантите и повикувања на убистваа“ каде и да се наоѓаат отпадниците.

– Денеска нема место каде можеме да импламентираме шеријат. Благодаерение на Алах, имаме многу храбри борци со нас и милиони муслимани во Русија. Ќе се здружиме заедно, мои браќа, превземете ја територијата и ширете се, рекол во снимката Абу Јасер, заменик емир во групата.