(ВИДЕО) Бруталност на турската полиција: Со гумени куршуми и палки по жени!

Жителите на Истанбул и Анкара излегоа вчера на улица по повод 8 март, Меѓународниот ден на жената, барајќи поголеми права, а специјалците брутално ги уништи.

Жените биле мавани со гумени куршуми и палки, а уапсена е најмалку една од нив.

Протестот е одржан затоа што гувернерот на Истанбул забранил традиционална осмомартовска прошетка од “безбедносни причини“. Меѓутоа, стотици жени се собрале со транспаренти и пароли.

До заби наоружена и опремена специјалната полиција жестоко се судрила со жените во повеќе наврати, известува Ројтерс. Специјалците пукале во демонстрантките со гумени куршуми.

Во Анкара се случувало нешто слично, активистките за правата на жената излегле на протест поради порастот на насилството во семејството и родовата дискриминација на работа, што е последица на исламистичката политика на актуелната влада.