Скотланд Јард предупредува за „спектакуларни“ напади на ИД

Првиот човек на антитерористичкиот оддел на Скотланд јард, Марк Роули, денеска предупреди дека Исламска држава има амбиции да изведе „огромни и спектакуларни напади“, јави Танјуг.

Според него, додека ИД некогаш примарно напаѓаше воени и полициски цели, нивните цели сега се поагресивни.

Тоа е „терористичка група која има големи амбиции за огромни и спектакуларни напади, не само од оние видови какви досега беа спречувани, рече Роули пред новинарите во Лондон.

Роули ја опиша ИД како група која се менува. Додека некогаш главно ја користеше пропагандата за да ги радикализира луѓето да делуваат во нејзино име, таа сега „ се обидува да изведе големи напади“.

Исламска држава настојува џихадистите, обучени во Сирија, да ги доведе во северна Европа за да изведуваат напади, заклучи тој.